Достапни линкови

logo-print

Нападот врз болница во Авганистан трагична грешка


Американскиот генерал Џон Кембел

Американскиот генерал Џон Кембел

Американската истрага за смртоносниот напад на болница во Авганистан, раководена од Лекари без граници покажала дека несреќата можела да биде избегната и била предизвикана од човечка грешка. Американскиот генерал Џон Кембел изјави дека трите напади во кои загинаа најмалку 30 луѓе во авганистанскиот град Кундуз биле ненамерни.

Според него, се работи за трагична грешка, бидејќи американските сили никогаш намерно не би нападнале болница. Тој истакна и дека личностите виновни за инцидентот се суспендирани од нивната функција.

XS
SM
MD
LG