Достапни линкови

Таџкистан усвои закон за блокада на интернет


Парламентот во Таџикистан

Парламентот во Таџикистан

Таџкистанскиот Парламент денеска го легализираше блокирањето на интернет и на телефонијата за време на контратерористички операции во земјата. Пристапот до социјалните мрежи и други веб страни неколку пати беше прекинуван во Таџикистан во изминатите години.

Пристапот до интернет беше прекинат кога опозицијата планираше протести или кога безбедносните сили вршеа операции против наводи терористи. САД и ЕУ изразија загриженост околу болкадата на интернетот во земјата. Според таџикистанските власти, причината биле технички проблеми.

XS
SM
MD
LG