Достапни линкови

Русија со напреден систем за воздушна одбрана во Сирија


Портпаролот на рускиот претседател, Дмитри Песков

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитри Песков

Русија планира да распореди напреден систем за против воздушна одбрана во воената база во Сирија. Портпаролот на рускиот претседател, Дмитри Песков изјави денеска дека министерството за одбрана препорачало инсталација на напредниот систем С-400, при што претседателот Владимир Путин издал одобрение. Веста доаѓа по еден ден откако беше соборен руски борбен авион од турската војска во близина на границата со Сирија.

XS
SM
MD
LG