Достапни линкови

logo-print

Отворени училиштата и метро станиците во Брисел


Војник во метро станица во Брисел.

Војник во метро станица во Брисел.

Училиштата и околу половина од метро станиците се отворени денеска во главниот град на Белгија, Брисел откако изминатите четири дена беа затворени поради полициската рација и заканите од терористички напади. Безбедноста во градот се уште е на високо ниво и дополнителни 300 полицајци се распоредени за заштита на училиштата, а 200 војници патролираат во метро станиците.

Музеите и другите јавни згради исто така од денеска се отворени.Околу дваесетина луѓе беа притворени за време на полициските рации по терористичките напади во главниот град на Франција, Париз.

XS
SM
MD
LG