Достапни линкови

Пронајден рускиот пилот по соборувањето на авионот


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шоигу

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шоигу

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шоигу изјави денеска дека рускиот пилот кој се водеше за исчезнат откако неговиот авион вчера беше соборен од турската војска се наоѓа во руската воена база во Сирија. Според него, пилотот е во добра здравствена состојба. Другиот руски пилот беше убиен откако беше соборен авионот во близина на границата на Сирија. Турција тврди дека рускиот авион го нарушил воздушниот простор на земјата и ги игнорирал предупредувањата.

XS
SM
MD
LG