Достапни линкови

logo-print

Организаторот на нападите во Париз се вратил во Батаклан


Француското обвинителство соопшти дека осомничениот организатор на нападите во Париз кога загинаа 129 луѓе се вратил на местото на злосторствата. Тој за следната недела планирал самоубиствен напад во еден бизнис центар во Париз. Обвинителот Франсоа Молинс изјави дека телефонските податоци покажувале оти Абделхамид Абауд се вратил во салата Батаклан каде што беа убиени 90 луѓе и тоа во време кога полицијата го расчитувала местото. Абауд беше убиен заедно со неговата братучетка и со уште едно лице во престрелка со полицијата во Париз пет дена по терористичките напади во Париз.

XS
SM
MD
LG