Достапни линкови

Заложничка криза на северот на Франција


Француските власти соопштија дека полицијата убила едно лице откако добро вооружена група земала заложници во еден град на северот на земјата, на границата со Белгија. Во соопштението се наведува дека инцидентот немал терористичка заднина. Групата вооружена со автоматски пушки го натерала директорот на една банка да го отвори сефот. Тој по доаѓањето на полицијата успеал да побегне по што групата се повлекла во неговиот дом, земајќи ги како заложници неговите сопруга, ќерка и син. По два часа полицијата успеала да влезе во домот и да ги ослободи заложниците.

XS
SM
MD
LG