Достапни линкови

Обама и Ердоган за намалување на тензиите


Официјална Анкара соопшти дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Барак Обама се согласиле оти е неопходно да се намалат тензиите откако турски борбени авиони соборија руско воено летало во близина на сириската граница бидејќи, како што е соопштено, го нарушило турскиот воздушен простор. Во соопштението се наведува дека во телефонскиот разговор Обама изјавил оти Соединетите држави и НАТО го поддржуваат правото на Турција да го брани својот суверенитет. Еден од двајцата пилоти во рускиот авион бил убиен во инцидентот за кој рускиот претседател Владимир Путин оцени дека е злосторство и „нож во грбот“.

XS
SM
MD
LG