Достапни линкови

Столтенберг повика на смиреност и на претпазливост


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по денешниот вонреден состанок на Алијансата во Брисел повика на смиреност за да се спречи ескалација на сериозната ситуација која настана по соборувањето на руски авион од страна на Турција во близина на сириската граница. Според него, сите треба да бидат претпазливи и оти веќе имало контакт меѓу Турција и Русија.

Тој нагласи дека двете земји мора да соработуваат повеќе за да се избегнат инциденти од таков вид во иднина. Столтенберг порача и дека нивниот заеднички непријател е милитантната група Исламска држава. Според него Русија мора да биде водена од страна на НАТО, бидејќи повеќето од руските напади во Сирија се во делови на земјата каде не се присутни милитантите. Тој истакна и дека досега немало директен контакт меѓу Русија и НАТО.

XS
SM
MD
LG