Достапни линкови

logo-print

Обама-Русија и Турција да избегнат ескалација на ситуацијата


Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама и неговиот француски колега Франсоа Оланд по денешната средба во Вашингтон повикаа да се избегне ескалација на ситуацијата по соборувањето на рускиот авион од страна на Турција во близина на границата со Сирија.

Обама изјави дека Турција како и секоја земја има право да ја брани својата територија и нејзиниот воздушен простор. Според него, сега е важно за нив да се осигураат дека Русија и Турција разговараат меѓусебно за да се дознае што точно се случило и да се преземат мерки за да се обесхрабри секаков вид на ескалација на ситуацијата. Оланд нагласи дека мора да се спречи ескалацијата, која би била екстремно штетна.

XS
SM
MD
LG