Достапни линкови

ЕК со 3 милијарди евра помош за Турција


Европската комисија соопшти денеска и одобрила три милијарди евра на Турција за справување со миграциската криза. Средствата Турција ќе ги добие на 1 јануари 2016 година. Во борбата со миграциската криза, како што наведуваат, очигледно е дека Европската унија и Турција треба да ја интензивираат билатералната соработка. Планот предвидува Турција да биде финансирана од ЕУ за бегалските кампови на нејзина територија, како и да се забрзаат преговорите за укинување на визите за турските граѓани.

XS
SM
MD
LG