Достапни линкови

САД тврдат дека Турција го предупредила рускиот авион


Портпаролот на американската војска, Стив Ворен

Портпаролот на американската војска, Стив Ворен

Американската војска ги потврди тврдењата на Турција дека земјата испратила предупредување до рускиот борбен авион дека го нарушува воздушниот простор на земјата. Но, според портпаролот на американската војска, Стив Ворен турската војска не добила одговор од руските пилоти пред соборувањето на авионот.

Тој изјави дека тие биле во можност да слушнат се што се случувало, бидејќи каналите за комуникација биле отворени. Ворен истакна и дека се уште не е јасно на која страна од турско-сириската граница се случил инцидентот.

XS
SM
MD
LG