Достапни линкови

Германија со надеж дека преговорите за Сирија не се нарушени


Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер денеска во Берлин изрази надеж дека инцидентот со соборувањето на рускиот авион нема да претставува чекор наназад во решавањето на војната во Сирија. Турските власти соопштија дека го собориле рускиот авион во близина на сириската граница откако испратиле предупредување дека е нарушен воздушниот простор на земјата. Руските власти пак соопштија дека авионот бил во воздушниот простор на Сирија.

XS
SM
MD
LG