Достапни линкови

Кери ги осуди палестинските напади


Американскиот државен секретар Џон Кери со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Американскиот државен секретар Џон Кери со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска ги осуди нападите на Палестинците врз Израелците, кои според него се акт на тероризам. Тој пред разговорите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим истакна и дека луѓето од било каде не треба секојдневно да живеат и да се соочуват со насилство и напади на улиците.

Портпаролот на Стејт Департментот, Џон Кирби по средбата изјави дека Кери и Нетанјаху разговарале за Сирија, за милитантната група Исламска држава и чекорите со кои ќе се запре насилството во Израел, Ерусалим и Западниот брег.

XS
SM
MD
LG