Достапни линкови

Еродган ја одобри новата Влада на Турција


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го одобри предлогот на премиерот Ахмет Давутоглу за составот на новата Влада. Во новата Влада останува досегашниот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Нови лица во Владата се министрите за енергетика и природни ресурси, како и за економија и финансии. Министер за енергетика и природни ресурси е именуван Берат Албајрак, за финансии Наџи Агбал, а за министер за економија е именуван Мустафа Елиташ.

XS
SM
MD
LG