Достапни линкови

Итна средба на НАТО по барање на Турција


Соборувањето на рускиот авион.

НАТО повика на вонредна средба на амбасадорите на земјите членки по барање на Турција, која ќе се одржи денеска попладне во Брисел. Целта на средбата е Турција да ја информира Алијансата за соборувањето на рускиот авион.

Турските власти соопштија дека го собориле рускиот авион во близина на сириската граница откако испратиле предупредување дека е нарушен воздушниот простор на земјата. Руските власти пак соопштија дека авионот бил во воздушниот простор на Сирија. Според, руското министерство за одбрана, двајцата пилоти се катапултирале од авионот, но се уште не се знае дали преживеале.

XS
SM
MD
LG