Достапни линкови

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ собираат идеи од граѓаните за своите програми, но граѓание велат дека досега нивните идеи не се прифаќале и оти ова е само популизам пред избори.

СДСМ минатиот месец најави дека преку пунктови ќе собираат идеи на граѓаните и со јавни дебати ќе ја усогласуваат нивната програма. Месецов пак акција во која се вклучуваат и граѓаните со свои идеи почна ВМРО-ДПМНЕ па секојдневно се јавува колкав бил интересот на луѓето за предлагање на содржини за партиската програма на владејачката партија. Но неколкумината граѓани кои ги прашавме дали би предложиле идеи до партиите се скептични дека реално и ќе бидат послушани.

Тоа е само популизам, не оти нешто ќе прифатат од граѓаните туку сега само да се добијат гласови пред изборите. Ништо нема од тоа.

„Па досега немало никаков ефект од идеите што сме ги давале при средби кога имало, сега не знам дали ќе има, а имам јас многу идеи. Мислам да пишам на нивните сајтови само дали ќе бидат прифатени тоа не го знам, како досега што не беа прифатени. Би пишала и на двете партии.“

„Тоа е само популизам, не оти нешто ќе прифатат од граѓаните туку сега само да се добијат гласови пред изборите. Ништо нема од тоа. “

„Попаметно им е да се смират едни со други отколку да доаѓаат од Европа да не користат“, велат анкетираните граѓани.

Ваквите пристап на партиите има два аспекта, маркетиншки и истражувачки за тоа кои се потребите на граѓаните, вели Марко Трошановски од Институтот за демократија.

„Преовладува според мене маркетиншкиот аспект на овој метод односно партиите првенствено симболички сакаат да покажат некаков вид на вклученост односно засегнатост за барањата и потребите на граѓаните“, вели Трошановски.

Тој потсетува дека за еден од најголемите проекти Скопје 2014 граѓаните воопшто не беа консултирани.

„Последните неколку случувања како на пример со Скопје 2014 или проблемите со Деталните урбанистички планови во општините Центар, Карпош, Кисела Вода итн. покажа дека ако навистина власта сака да покаже суштински слух за потребите би требало да ги редефинира законските прописи што се однесуваат за граѓански иницијативи за референдуми на локално ниво“, вели Трошановски.

Инаку според истражувањето на Брима Галуп објавено деновиве на прашањето дали се согласувате со изјавата дека Македонија е водена според волјата на народот дури 53 се изјасниле дека донекаде не се согласуваат или потполно не се согласуваат. Анкетата која се спроведува во 65 земји од светот била направена теренски врз 1.204 испитаници во ноември минатата година.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG