Достапни линкови

Турски воени авиони собориле борбен авион


Турските медиуми јавуваат дека турски воени авиони денеска собориле непознат борбен авион што го нарушил турскиот воздушен простор на границата со Сирија. Претходно било испратено предупредување авионот да ја напушти територијата на Турција. Турските медиуми јавуваат дека двајцата пилоти се катапултирале од авионот. Во минатиот месец турски авиони собориле беспилотно летало кое го нарушило воздушниот простор на Турција. Во меѓувреме руското министерство соопшти дека авион од типот СУ 24 се урнал во Сирија откако врз него бил отворан оган од копно. Москва демантира дека авионот го нарушил турскиот воздушен простор.

XS
SM
MD
LG