Достапни линкови

САД со предупредување за терористички напади


Соединетите држави издадоа предупредување до своите граѓани во светот за зголемена опасност од терористички напади слични на париските кога загинаа 129 луѓе. Стејт департментот соопшти дека „сегашните информации сугерираат дека милитанти на Исламската држава, Ал Каеда, Боко Харам, како и други терористички групи ги продолжуваат плановите за напади во повеќе региони“. Во предупредувањето се наведуваат последните напади во Франција, Мали, Нигерија и Турција и им се препорачува на американците да избегнуваат јавни собири.

XS
SM
MD
LG