Достапни линкови

Во Белгија обвинето уште едно лице за нападите во Париз


Брисел

Брисел

Белгиските власти покренаа обвинување против уште едно лице за тероризам во врска со нападите во Париз кога на 13 ноември загинаа 129 луѓе, а над 350 беа ранети. Белгиското обвинителство не го соопшти неговиот идентитет. Станува збор за четврто лице што е обвинето за поврзаност со париските напади. Другите 15 луѓе кои беа приведени за време на вчерашната полициска акција во Брисел се ослободени. Во меѓувреме, белгискиот премиер Шарл Мишел изјави дека во Брисел останува нивото на тревога на највисоко четврто ниво поради страхувања од можни напади слични на оние во Париз.

XS
SM
MD
LG