Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: променливо облачно и дождливо


Во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат застапени во северозападните и северните делови на земјава. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а по одделни котлини ќе има услови за ниска облачност и појава на магла. Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 12 до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со утринска слаба магла. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе искачи до 13 степени.

XS
SM
MD
LG