Достапни линкови

ЕУ загрижена за ситуацијата во Косово


Косовскиот премиер Иса Мустафа

Косовскиот премиер Иса Мустафа

Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави денеска дека Европската унија изразила голема загриженост за ситуацијата во неговата земја. Тој на владината седница истакна и дека основната причина за неговата посета на Брисел е прашањето за либерализација на визниот режим, а од официјалните претставници не побарал олеснување како подарок за косовските граѓани туку како резултат од исполнување на критериумите. Тој додаде дека на крајот од годинава очекува позитивен извештај, како и следната година граѓаните на Косово да почнат да се движат без визи.

XS
SM
MD
LG