Достапни линкови

logo-print

Германија, Турција и Грција ќе остварат средба за бегалската криза


Заменик портпаролот на германската Влада, Георг Штрајтер изјави денеска дека лидерите на Германија, Грција и Турција се договориле да остварат средба посветена на бегалската криза која ги засега сите три земји. Според него, станува збор за трилатералната средбата, за која минатата недела информирал турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Тој истакна дека средбата сигурно ќе се одржи, но засега не може да се каже кога и каде ќе се сретнат тројцата лидери.

XS
SM
MD
LG