Достапни линкови

Конструктивна средба на Путин и Хаменеи во Иран


Рускиот претседател Владимир Путин со иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи.

Рускиот претседател Владимир Путин со иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи.

Рускиот претседател Владимир Путин за време на денешната посета на Иран се сретна со врховниот лидер Ајатолахот Али Хаменеи. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков ја опиша средбата како конструктивна и нагласи дека двете земји се согласиле оти се против надворешните обиди да се диктираат сценарија за политичко решение за Сирија. Русија и Иран кои се клучните поддржувачи на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ги отфрлаат повиците на САД и сојузниците за негово соборување.

XS
SM
MD
LG