Достапни линкови

Уапсени уште 5 лица во Белгија


Белгиската полиција уапсила уште пет лица за време на денешните рации во земјата и потрагата по еден од осомничените за терористичките напади во Париз на 13 ноември кога загинаа 129 луѓе, а над 350 беа ранети. Синоќа во Брисел беа уапсени 16 лица во рамките на истрагата.

Белгиското обвинителство денеска соопшти дека меѓу уапсените не бил и клучниот осомничен за тие напади Салах Абдесалам. Притоа не е откриен идентитетот на другите уапсени. Во Брисел и натаму е во сила вонредна состојба од највисоко ниво која е заведена, како што соопштија белгиските власти, поради сериозна закана од координирани напади на исламските екстремисти.

XS
SM
MD
LG