Достапни линкови

Попоски-Нема да се пропуштаат економските мигранти


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски на денешната средба со амбасадорите во Македонија им соопштил дека земјата ќе ги преземе сите неопходни мерки и ќе ги употреби сите ресурси за заштита на границата и спречување неконтролирани премини на мигрантите, кои ќе ги насочува кон точки каде можат да бидат регистрирани.

Според него, ќе им биде обезбедена помош и премин на сите мигранти кои доаѓаат од воени зони. Тој ги инфромирал и дека за нив може да се обезбедат определени капацитети за ограничен престој, но мигрантите од економска природа нема да се пропуштаат, ниту пак, Македонија може да ги згрижува на своја територија.

XS
SM
MD
LG