Достапни линкови

logo-print

Пензионерите – најизманипулирани граѓани


Архивска фотографија: Пензионери во Битола.

Архивска фотографија: Пензионери во Битола.

Зошто Груевски не ги покачи платите на министрите и јавната администрација по 620 денари, туку ги покачува процентуално, прашува претседателот на Партијата на пензионерите, Илија Николовски.

Пензионерите се најизманипулираната општествена категорија во земјава и од нив се сака да се направи гласачка машина, смета претседателот на Партијата на пензионерите Илија Николовски. Според него, со пензионерите не смее да се игра, а пензијата не е социјална, туку економска категорија, вели тој.

Зошто Груевски не ги покачи платите на министрите и јавната администрација по 620 денари, туку ги покачува процентуално. Ова е од едни земање, а давање на други. Пензијата не е социјална категорија, туку е економска категорија и со пензијата не може да се игра. Тоа се пари заработени.

„Тоа е најголема манипулација и лага што се работи со пензионерите во Македонија. Зошто Груевски не ги покачи платите на министрите и јавната администрација по 620 денари, туку ги покачува процентуално. Ова е од едни земање, а давање на други. Пензијата не е социјална категорија, туку е економска категорија и со пензијата не може да се игра. Тоа се пари заработени. Треба да се види каде отишле парите на пензионерите кои уплаќале или ако земеме 10 отсто од акциите од приватизираните фирми, тие требало да одат во пензискиот фонд. Каде се тие пари“, вели Николовски.

Тој посочува дека пензионерите од Македонија не добивале ништо повеќе од пензионерите од регионот.

„И ова бањско лекување, возењето со автобус, сето тоа се пари на пензионерите. Замислете една рата од солидарниот фонд, тоа е колку годишното упатување на пензионерите на бањско лекување. Нашите пензионери не добиваат ништо повеќе од пензионерите во регионот. Напротив, секаде имаат повеќе отколку нашите што имаат. Тие се најизманипулираната и најизмајтапираната општествена категорија и од нив сакаат да направат гласачка машина бидејќи нема млади и затоа тоа се прави“, вели Николовски.

Пензионерите низ Охрид со кои разговаравме стравуваат за младите за кои велат дека сè повеќе си заминуваат од државата.

„Што ќе прават младите? Ние земаме од тие што работеле пред нас, а сега од каде ќе земат кога младите не се вработени. Сиот младеж избега“, вели еден пензионер.

„Мислам дека се и манипулира, но и треба покачување на пензиите. Но, тоа се искористува и за манипулација“, вели друг пензионер.

Некои, пак, прашуваат зошто и во Охрид нема бесплатен превоз како во Скопје.

„Цела година се прави муабет за 600 денари, срамота. Се манипулира. Зошто во Охрид нема бесплатен градски превоз, нели сме еднакви сите пензионери во Македонија. Зошто немаме викенди бесплатни? Ако поднесеме барање за лекување, никаде нè нема, а некои по два пати, по три пати одат. Мене нè ме засега Скопје. Нека ни ги дадат тие пари на нас овде, ние сами ќе се возиме каде што треба. Уште еден вид на таблети ќе купиме и толку, што ќе правиш со 600 денари“, вели една пензионерка.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG