Достапни линкови

Откупот на тутун проблематичен од самиот старт


Откуп на тутун во Прилеп.

Откуп на тутун во Прилеп.

Тутунарите немаат каде да го чуваат тутунот и бараат откупот да почне што поскоро. Но се пријавила само две комапнии за откуп од вкуно девет. Поради правни недоразбирања неизвесно е и дали најголемиот откупувач во прилепско, Тутунски комбинат, ќе започне со предвремен откуп.

Сојузот на тутунски здруженија на Македонија бара предвремениот откуп на годинешната реколта да започне што поскоро. Тутунарите велат дека овие средства им се неопходни за исплата на долговите за струја, вода и други животни трошоци, а од друга страна се жалат дека немаат простор каде да го чуваат тутунот.

Од сите девет компании, оваа година за почеток на откупот на 16-ти овој месец, пријавени се само две, но за жал првиот ден откупи само Кавекс Балкан и тоа 370 килограми тутун, што значи откупните фирми не се подготвени за почеток на откуп на тутунот како еден вид предвремен.

„Од сите девет компании, оваа година за почеток на откупот на 16-ти овој месец, пријавени се само две, но за жал првиот ден откупи само Кавекс Балкан и тоа 370 килограми тутун, што значи откупните фирми не се подготвени за почеток на откуп на тутунот како еден вид предвремен. Од страна на Сојузот минатата година беше побарано да имаат посебна кредитна линија или посебна сметка за исплата на тутунот“, вели Данчо Милески, претседател на Сојузот.

Во најголемиот откупувач во регионот Тутунски Комбинат, предвремениот откуп е неизвесен, зашто како што велат не може да се надминат недоразбирањата околу толкување на Законот за тутун со Инспекторатот за земјоделство.

„Ние ги имаме исполнето условите по истиот закон, како што ги имавме исполнето минатата година, а зошто оваа година не ни се дозволува се уште да почнеме, имавме разговори и очекувам да се надминат проблемите“, изјави Александар Дерменџиев, генерален директор на Тутунски Комбинат-Прилеп.

Пролонгирањето на стартот на најавениот предвремен откуп беше повод и за политички препукувања во градот. Прилепските социјалдемократи го обвинија премиерот Никола Груевски за именување раководни кадри во Тутунски Комбинат во изминативе 10 години, кои продуцирале загуби од 100 милиони евра,набавки на возила од 200 илјади евра и продажба на милион цигари под цена на чинење.

„Помпезно најавуваниот старт на предвремениот откуп на тутунот не се случи, затоа што власта во заминување, ги излажа земјоделците и се уште нема обезбедено пари за откупот“, обвини Гоце Мојаноски, од СДСМ-Прилеп.

„Зарем луѓето кои го пропаднаа Тутунски Комбинат, партијата чии функционери денес сево затвор за криминал во Тутунски Комбинат, денес лаже и изигрува загрижена за комбинатот којшто го оставија уништен во кал“, врати со контра обвинувања Алексадар Маркоски од ВМРО -ДПМНЕ-Прилеп.

Годинешните потреби на македонските откупни фирми се за 25000 или 3000 тони повеќе од произведените количества. Ова е причина повеќе што тутунарите очекуваат многу повисока од ланската просечна откупна цена од 117 денари за килограм тутун.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG