Достапни линкови

Втора рунда од парламентарните избори во Египет


Во Египет денеска се одржува вториот и последен ден од втората рунда на парламентарните избори. Тие се први откако во таа земја беше соборен од власт исламскиот претседател Мухамад Морси во 2013 година. Околу 3 илјади кандидати, вклучувајќи и 69 жени се во трката за 288 места во египетскиот парламент. Гласањето се одвива во 13 од 27 египетски провинции. Официјалните резултати се очекуваа во почетокот на идниот месец. Според анкетите, главни фаворити се кандидатите што го поддржуваат претседателот Абдел Фатах ел Сиси.

XS
SM
MD
LG