Достапни линкови

logo-print

Во Белгија уапсени 16 лица поврзани со нападите во Париз


Белгиските власти соопштија дека синоќа во Брисел биле уапсени 16 лица во рамките на истрагата за терористичките напади во Париз на 13 ноември кога загинаа 129 луѓе, а над 350 беа ранети. Белгиското обвинителство денеска соопшти дека меѓу уапсените не бил и клучниот осомничен за тие напади Салах Абдесалам. Притоа не е откриен идентитетот на други уапсени во акцијата во Брисел која се уште била во тек. Во Брисел и натаму е во сила вонредна состојба од највисоко ниво која е заведена, како што соопштија белгиските власти, поради сериозна закана од координирани напади на исламските екстремисти.

XS
SM
MD
LG