Достапни линкови

logo-print

Мигранти протестираат на македонско грчката граница


Околу илјада економски мигранти на границата меѓу Македонија и Грција со протест го изразија нивното незадоволство откако македонските власти почнаа да одбиваат да им дозволуваат влез на оние кои немаат документи дека се од со војна зафатените Сирија, Ирак и Авганистан.Повеќето од демонстрантите се од Либија, Мароко, Сомалија и Бангладеш. Македонија воведе нови рестрикции откако Србија и Хрватска соопштија дека ќе ги враќаат мигрантите кои не се од Сирија, Ирак и Авганистан. Во меѓувреме македонскиот претседател Георге Иванов по средбата во Скопје со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека постоела голема опасност од избувнување судири меѓу самите бегалци, но и меѓу бегалците и силите за безбедност.

XS
SM
MD
LG