Достапни линкови

Попоски: Границата нема да се затвори


Министерот за надворешни работи Никола Попоски повика нивото на координација меѓу Македонија и Грција по прашањето со бегалците да се крене повисоко, од постоечката комуникација меѓу полициските станици во Гевгелија и Поликастро, на ниво на владите во Скопје и Атина, јавува новинската агенција МИА. Поповски на брифингот со група грчки новинари посочил дека границата од македонска страна нема да биде затворена и дека бегалците и натаму ќе ја минуваат но неопходно е да има систем за насочување а за тоа е потребна кординација со Грција.

„ Во моментов, има соработка меѓу полициските претставници, во смисла да се разменуваат информации колку лица доаѓаат од грчкото пристаниште Пиреа, информации потребни за да се подготвиме за нивен прием. Има врска меѓу Поликастро и Гевгелија, но мораме да ја кренеме комуникацијата на ниво меѓу Атина и Скопје. Ние сме загрижени од затворањето на границата од страна на Србија, по примерот на другите земји на север од неа. Македонија е единствената земја во која бегалците влегуваат од држава која е членка на Европската унија и на Шенген зоната,“ изјави Попоски на брифингот за новинари.

Министерот Попоски истакнал дека довербата меѓу двете земји е на исклучително ниско ниво, што се чувствува во текот на бегалската криза.

Попоски најави дека наскоро ќе ја посети Атина.

XS
SM
MD
LG