Достапни линкови

logo-print

Во Брисел и денеска на сила вонредни безбедносни мерки


Во Брисел и натаму остануваат на сила највисоките мерки за безбедност воведени откако властите најавија дека постои сомневање дека е можен терористички напад. На улиците се забележува големо присуство на војска и вооружени полициски возила, јавуваат светските медиуми.Властите ги советуваат граѓаните и натаму да одбегнуваат поголеми јавни собири, и да не се користи јавниот превоз. Превозот со метрото во Брисел се уште е суспендиран. Таквата одлука градските власти ја донесоа на само една недела по терористичките напади во Париз каде што загинаа 130 луѓе.

Властите се уште не ги соопштија официјално конкретните причини за највисоките мерки за безбедност, но премиерот Чарлс Мичел синоќа изјави дека властите имаат причина да се сомневаат дека се можни напади на повеќе локации во градот.

Белгиската полиција трага по најмалку десет терористи кои се закануваат да извршат напади слични на оние во Париз, а двајца од нив на себе носат спремни бомби, јавуваат белгиските медиуми.

XS
SM
MD
LG