Достапни линкови

Економските мигранти протестираат на македонско-грчката граница


Архивска фотографија, мигранти заглавени зад оградата на прифатниот центар во Гевгелија

Околу 1200 економски мигранти протестираат на пограничната линија меѓу Македонија и Грција, затоа што не им е дозволен влез во земјава, јавува нашиот дописник на терен. На пограничната линија има зголемено присуство на македонска и грчка полиција и засега е мирно. Мигранти од Иран, Либија, Мароко, Сомалија и Бангладеш, бараат од македонската полиција да им дозволи да транзитираат низ Македонија. Дел од нив со кои разговараше екипата на Радио Слободна Европа, велат дека во меѓузоната се заглавени со денови, и бараат да им се овозможи слобода на движење. Како што велат тие само сакаат да ја поминат границата и Македонија и да го продолжат својот пат кон земјите од ЕУ.

Во делот каде што се регистрираат бегалците кои доаѓаат од воените подрачја, е забележлива голема редица. Дел од Сириците се жалат дека чекаат и по повеќе од 4 часа за регистрација при влез во Македонија. Дозволен е влез во земјава само на оние бегалци од Сирија, Авганистан и Ирак кои имаат целосни документи во кои е регистриран нивниот влез во Грција.

XS
SM
MD
LG