Достапни линкови

Над илјада мигранти заглавени во меѓузона


Над илјада мигранти останаа заглавени во меѓуграничната зона меѓу Македонија и Грција, јавува нашиот дописник во Гевгелија. Граничната полиција и денеска ги пропушта само бегалците од воените подрачја, додека од грчка страна се уште пристигнуваат и економски мигранти.

Од Министерството за внатрешни работивелат дека состојбата со мигрантите на северната и на јужната граница на државата е редовна и нема значителни промени или вонредни настани. Дождливото и студено време дополнително ги отежна условите во кои економските мигранти останаа заглавени пред граничната линија, односно на грчка територија, по одлуката нив да не им биде дозволен влез во земјава. Според информацијата на МВР, денеска на Табановце нема задржувања на мигрантите во прифатните центри, а регистрацијата се одвива редовно.

Според информациите од грчките волонтери во Идомени објавени на социјалните мрежи дел од мигрантите протестираат и штрајкуваат со глад, поради одлуката со која македонската граница може да ја поминат само државјани на Сирија, Авганистан и Ирак. На социјалните мрежи се појави и информација дека еден од мигрантите во знак на протест се обидел да се обеси на дрво, на самата погранична линија.

XS
SM
MD
LG