Достапни линкови

logo-print

Двајца повредени синоќа во невреме во Гостивар


При пад на дрво двајца мажи се повредени во Гостивар, а неколку објекти се оштетени по невремето што го зафати синоќа овој град. Од општината велат дека повредените се згрижени во Ургентно одделение. При невремето биле оштетени и десетина возила откако се скршил излог на продавница, и паднале ќерамиди од покриви.Тетовскиот сектор за внатрешни работи информира дека поради невремето се забележани и оштетени објекти во неколку села во тетовскиот регион, а во мавровскиот регион поради силниот ветер има проблеми со снабдувањето со електрична енергија.

XS
SM
MD
LG