Достапни линкови

logo-print

Меѓународните организации загрижени поради селекцијата на мигрантите


Новите ограничувања на границите на Балканот како селектирање луѓе врз основа на државјанството ја прави ситуацијата понеиздржана од хуманитарен, правен и безбедносен аспект поради се пониските температури и ризиците за децата и другите лица со специфични потреби, се вели во заедничка изјава УНХЦР, ИОМ и УНИЦЕФ.Во неа се изразува и згриженост поради недостигот од места за згрижување на луѓето долж рутата доколку е забавено движењето на мигрантите и бегалците и стравуваат од натрупување.

„Овие мерки на државите создаваат тензии на граничните премини и домино-ефект, а некои бегалци и мигранти ги оставаат во неизвесна состојба заглавени на различни гранични премини. УНХЦР и ИОМ им обезбедуваат поддршка на владите за да се зголеми прифатниот капацитет во земјите коишто се погодени и за да се создаде заштита од зимските услови. УНИЦЕФ ги поддржува просториите опремени за деца во прифатните центри“, стои во изјавата.

Постои итна потреба да се отвори дополнителен прифатен капацитет на влез за да се овозможи коректно и делотворно сместување, усогласеност со стандардите за заштита на деца, помош, регистрација и идентификација на илјадниците лица.

УНХЦР, ИОМ и УНИЦЕФ ги повикуваат засегнатите држави повторно да ги воспостават координативните механизми и механизмите за одговор коишто беа договорени на Самитот за Западен Балкан на 8 октомври и Лидерската средба на 25 октомври.

XS
SM
MD
LG