Достапни линкови

Туск попладне пристигнува во Скопје


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија. Тој во Скопје ќе се сретне со претседателот Ѓорѓе Иванов. Причина за посетата е бегалската криза и напливот од мигранти во Европа.

Посетата на Туск следи непосредно по одлуката на одредени земји за ограничување на влезот на бегалците, односно пропуштање само на бегалците од воените конфликти во Авганистан, Сирија и Ирак, а не и на економски мигранти од останатите земји од Блискиот Исток и Африка. Туск во Македонија ќе пристигне попладне од Тирана, каде што е најавено дека ќе се сретне денеска со албанскиот премиер Еди Рама. Тој претходно го посети и Белград, а по Скопје предвидено е да замине за Сараево, а турнејата ќе ја заврши во Загреб.

На минатонеделната седница на Советот за безбедност беше донесена одлука АРМ и Управувачкиот комитет да ги преземат сите потребни мерки доколку се промени ситуацијата на теренот, односно во случај на можни ограничувања на протокот на мигранти во другите држави во Европа, кон кои тие се упатуваат, како крајна мерка да се преземе и поставување жичена ограда на границата.

XS
SM
MD
LG