Достапни линкови

Временска прогноза: Врнежлив ден


Денеска не очекува променливо облачно и врнежливо време. На највисоките планини особено во западните делови ќе има услови за повремен снег. Преку денот ќе дува умерен до засилен ветер кој на мoменти ќе достигнува брзина од 50 до 70 км/ч. Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 12 до 17 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и умерен претежно југоисточен ветер кој повремено ќе засилува. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Во следниот период од понеделник до среда ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе биде над нулата, а дневната ќе биде во постепено опаѓање.

XS
SM
MD
LG