Достапни линкови

logo-print

Во Турција запленет каптагон-стимуланс на џихадистите


Турската полиција во две одделни акции изминативе денови заплени речиси 11 милиони таблети каптагон, стимулативна дрога и извор на средства во Сирија, објавија денеска турските медиуми.

.Во полициските акции приведени се двајца Турци и еден Сиријец.

Дрогата била произведена во Сирија и била наменет за земјите од Персискиот Залив.

Катагонот е дрога на база на амфетамин, кој се користат како стимуланс од џихадистите во Сирија. Тоа е најпопуларната дрога на Блискиот Исток. Тргувањето со каптагон претставува важен извор на средства за некои групи кои се борат во Сирија.

Катагонот е психостимуланс кој содржи амфетамин и кофеин и е иделана дрога за потиккнување на агресивноста и отстранување на стравот и болката. Тоа е најраспространета дрога меѓу милитантите на Исламска држава.

XS
SM
MD
LG