Достапни линкови

Две децении од Дејтонскиот мировен договор


Денеска се навршуваат две децении од парафирањето во САД на Дејтонскиот мировен договор со кој се стави крај на војната во Босна и Херцеговиона од 1992 до 1995 та година.

Во американскит град Дејтон на 21 ноември 1995 година. тогашните претседатели на БиХ, на Хрватска и на Србија, Алија Изетбеговиќ, Фрањо Туѓман и Слободан Милошевиќ со американскиот дипломат Ричар Холбрук постигнаа договор за Дејтонскиот договор

Договорот постигнат во Дејтон, Милошевиќ, Туѓман и Изетбеговиќ официјално го потпишаа три недели подоцна на 14 декември 1995 година во Париз со што Босна е поделена на два ентитета ,Република Српска и Федерација на БиХ.

Ориганалниот документот е загубен. Две децении од потпишувањето, договорот различно се интерпретира,а политичарите во БиХ повторно зборуваат за негова ревизија.


XS
SM
MD
LG