Достапни линкови

Блокирана пругата меѓу Македонија и Грција


Над две илјади економски мигранти ја блокираа железничката линија на границата меѓу Република Македонија и Грција. Ова се случи откако не добија дозвола да преминат на македонска територија . Мигрантите лежат врз шините на меѓународната железничка линија. Нивната бројка постојано се зголемува, бидејќи грчките власти дозволуваат на сите пристигнати по нејзините острови да го продолжат патот до Македонија. Најмногу економски мигранти има од Бангладеш, Иран, Сомалија, Шри Ланка, Мароко, Конго, Либан и други држави каде што нема воени дејствија, пишуваат повеќе медиуми.

Официјално се прифаќаат само граѓаните од Сирија, Ирак и Авганистан. Оваа мерка беше воведена откако тоа го направија Хрватска и Србија.


XS
SM
MD
LG