Достапни линкови

Турција-приведени лица поради поврзаност со ИД


Полицијата во Турција денеска приведе тројца осомничени дека и припаѓаат на Исламска држава меѓу кои и еден белгиски државјанин, кој е обвинет дека дејствувал како разузнавач за плановите во врска со терористичките напади во Париз, во кои загинаа 130 лица. Официјални лица изјавија дека белгиецот Ахмет Дахмани, по потекло од Мароко, бил уапсен денеска во луксузен хотел во Анталија. Другите двајца мажи, кои се Сиријци, беле приведени во близина. Турските власти претходно оваа недела депортираа група од осум Мароканци осомничени дека имаар врски со ИС.

XS
SM
MD
LG