Достапни линкови

Во Мали прогласена вонредна состојба


Претседател на Мали Ибрахим Бубакар Кеита изјави дека исламските милитанти убиле 21 лице во вчерашниот напад на хотелот во главниот град каде држеа десетици луѓе како заложници, пред влегувањето на безбедносните сили во зградата кои спасија 170 луѓе. Двајца милитанти се меѓу загинатите во инцидентот. Говорејќи на државната телевизија претседателот Ибрахим Кеита, исто така, прогласи вонредна состојба во поранешната француска колонија, која се соочува со напади од радикалните муслимански групи. Екстремистичка група, предводена од поранешен командант на Ал Каеда ја презеде одговорноста за нападот. Не е познато дали нападот има каква било врска со терористичките напади од минатата недела во Париз, но многумина во Франција ова го видоа како нов напад врз интересите на нивната земја. Францускиот претседател Франсоа Оланд повика на солидарност со Мали.

XS
SM
MD
LG