Достапни линкови

Метрото во Брисел во прекин


Официјални лица во белгискиот главен град Брисел, ја затворија метро станицата , постапувајќи по препораките од безбедносните претставници. Транспортниот оператор на Брисел СТИБ на својата веб страница денеска објави дека затворањето е мерка на претпазливост преземена по препорака на кризниот центар на Министерството за внатрешни работи..Еден час по полноќ Кризниот центар на Министерството за внатрешни работи прогласи највисок степен на опасност од терористички напад во Брисел. Автобусите , наводно, работат нормално, но на жителите им се препорачува да останат дома. Безбедносните мерки доаѓаат по ужасните терористички напади во Париз на 13 ноември, во кои загинаа 130 лица.

XS
SM
MD
LG