Достапни линкови

logo-print

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито


Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно и ветровито, а попладне во крајните западни и северозападни делови со повремен локален дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој на моменти на места ќе достигнува брзина помеѓу 50 и 70 километри на час. Во ноќните часови врнежи ќе има речиси насекаде, нешто поинтензивни ќе бидат во западниот и северозападниот дел.

Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 13 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и ветровито, во ноќните часови со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Промената на времето ќе се почувствува веќе од недела кога ќе преовладува умерено до значително облачно време. Претпладне во западните делови се очекуваат пообилни врнежи од дожд, наместа со пороен карактер (над 20 литри на местар квадратен), а попладне на повисоките планини ќе има услови за повремени врнежи од снег.

Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а поради продор на постуден воздух од север дневната температура значително ќе опадне, за пет до девет степени во однос на денешната и ќе се движат во интервал од осум до 15 степени.

XS
SM
MD
LG