Достапни линкови

logo-print

МВР-Транзит само за бегалците


Министерството за внатрешни работи соопшти дека од вчера во Македонија е активирана мерката за селективен пристап на мигрантите кои доаѓаат од Грција како реакција по одлуките на Словенија, Хрватска и Србија да дозволат влез само на бегалци од кризни жаришта. Согласно мерката, како што наведуваат од МВР, транзит до земјите на ЕУ им се овозможува само на бегалците од државите каде има воени конфликти, односно од Сирија, Авганистан и Ирак.

Министерството наведува и дека во изминатата недела е забележано континуирано зголемување на бројот на илегални мигранти од земјите од Блискиот Исток, кои ја користат Македонија само за транзит до крајната дестинација.

XS
SM
MD
LG