Достапни линкови

Заврши спасувачката акција во Мали


Повреден маж од нападот на хотелот Радисон Блу во Мали.

Повреден маж од нападот на хотелот Радисон Блу во Мали.

Властите во Мали соопштија дека завршила акцијата на специјалните сили во луксузниот хотел во главниот град Бамако, каде вооружени лица држеа за заложници повеќе од 100 луѓе. Министерот за безбедност Салиф Траоре изјави дека специјалните сили поддржани од американски и француски сили влегле во хотелот Радисон Блу и успеале да ги принудат исламските милитанти да го напуштат местото.

Според него, вооружена група повеќе нема заложници и специјалните сили се во потрага по нив. Има извештаи за неколку тела во хотелот, но се упте не е јасно колу загинале во инцидентот. Најмалку шест Американци биле меѓу заложниците.

XS
SM
MD
LG