Достапни линкови

Столтенберг-Нов почеток во односите на НАТО и Србија


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Белград оствари средба со српскиот премиер Александар Вучиќ. Тој изјави дека алијансата ги отстранила ограничувања на воздушниот простор над Србија кои беа воведени пред 16 години, за време на косовската војна.

Столтенберг изјави дека таквиот чекор е дел од "нов почеток" во односите меѓу НАТО и Србија. Тој ја пофали и посветеноста на Србија за нормализирање на односите со Косово и порача дека дијалогот е единствениот пат за напредок.

XS
SM
MD
LG