Достапни линкови

Ванхауте ги очекува медиумските закони до петок


Белгискиот експерт Питер Ванхауте

Белгискиот експерт Питер Ванхауте

Белгискиот експерт Питер Ванхауте изјави денеска дека очекува до следниот петок да бидат донесени соодветните измени на медиумските закони и со тоа да завршат разговорите за тој дел од Договорот во Пржино. Тој пред почетокот на средбата на Работната група за медиумите рече дека од особен интерес е од овие разговори да произлезат долгорочни одржливи решенија, а не брзи и краткорочни промени. Според него, измените главно ќе се однесуваат на медиумскиот регулатор, пристапот до јавни информации и на клеветата.

XS
SM
MD
LG